Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев по завршувањето на сезоната 2025/26 ќе стави крај на својата приказна во дресот на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската шампионска година на „лисиците“ во Бундес лигата.
Договорот е веќе постигнат – Милосављев од јуни 2026 ќе се пресели во Полска, каде ќе потпише тригодишен договор со Келце, пишува „RTHandball“.
Оваа сезона ќе ја одигра во Берлин, а потоа како слободен играч ќе ја започне новата авантура на нова адреса.
Милосављев останува запаметен и по периодот во Македонија, кога беше дел од златната генерација на Вардар што во 2019 година во Келн ја освои втората титула во Лигата на шампионите – успех што му го отвори патот кон Бундеслигата.