Левото крило Дејан Манасков нема да биде денеска во ростерот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за дербито со Вардар.
Манасков доби казна од РФМ по последното коло од минатата сезона во Суперлига и ќе паузира на два меча.
Тој ќе го пропушти дербито со неговиот поранешен тим Вардар, а нема да игра ниту на следниот натпревар против Бутел Скопје.
Своето деби во составот на тренерот Бранко Ангеловски би требало да го има на домашниот дуел со Охрид.
Манасков е пријавен за Лигата на шампионите и таму би можел да дебитира веќе на 14 февруари против ПСЖ.
Натпреварот против Вардар, битолчани го играат денеска во „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот, додека мечот со ПСЖ е на 14 февруари од 18:45 часот.