Дејан Гошевски се сели во „мак-тимот“ во Германија

Македонскиот десен бек Дејан Гошевски заминува од хрватскиот тим Водице и се подготвува за нова етапа во интернационалната кариера.

Тој на лето се сели во Германија и ќе носи дресот на тимот на Аполда, кој важи за македонска колонија.

Таму е екс голманот на Пелистер, Игор Тоскоски, како и кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиески, за следната сезона потпиша левиот бек Христијан Милошески, а претходно таму играа и крилата Васил Митевски и Игор Илиевски.

Гошевски своевремено ги мина сите млади категории во составот на Металург, а беше дел од пионерската и кадетската репрезентација на Македонија.

Настапуваше за составите на Охрид, Тиквеш и Голден Арт во нашата држава, а 25-годишниот десен бек ова лето за првпат се проба надвор од границите и беше дел од двата хрватски клубови – Метковиќ Механика и Водице.