Чешкиот репрезентативен голман Томаш Мрква од следното лето ќе биде член на бундеслигашот Лајпциг.
Тој заминува од Кил бидејќи во дресот на „зебрите“ од 2025 година ќе брани шпанскиот репрезентативец Гонзало Перез Де Варгас.
Лајпциг ќе биде шести германски клуб на Мрква, откако пред да стане голман на Кил, настапуваше за уште четири клуба.
Тој потекнува од Бањик Карвина во Чешка, а потоа се пресели во Германија и беше дел од Хам Вестфален, Гепинген и Балинген.