Ракометарите на Еурофарм Пелистер го отвораат европскиот дел од 2026 година со супер тешко домашно искушение – дуел против полската Висла Плоцк во Лигата на шампионите. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ ќе биде и европско деби на клупата за новиот тренер Стевче Алушовски, кој во јануари по неколку години повторно се врати во својот матичен клуб и ќе ја води екипата до крајот на сезоната.
Полјаците се на третото место на табелата во А групата во ЛШ со 12 бода, зад Барселона. Еурофарм Пелистер е на 7. место со 4 бода, два помалку од ПСЖ. Ова ќе биде четврти дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Висла во ЛШ, а гостите двапати победиле, вклучувајќи го има последниот дуел лани кога Висла триумфираше со 36-25.
Алушовски, една од клубските легенда со најмногу настапи во репрезентативниот дрес на Македонија, веќе ја презеде екипата и ги одработи првите тренинзи во Битола, и треба да донесе свежина во играта на шампионот, со јасна цел – добар резултат и во домашното првенство и во елитното европско натпреварување.
Во пресрет на дуелот, Алушовски отворено зборува за честa да се врати во Пелистер, ги анализира противникот и сопствениот тим и испраќа силна порака до публиката:
„Чест и задоволство ми е што пак сум тренер на матичниот клуб Пелистер. Кога овој клуб ве повикува, нема размислување, веднаш го прифаќате предизвикот, и се фаќате со сите преизвици. Првиот меч против Висла ќе биде исклучително тежок. Ова е екипа која играше извонредно и е третопласирана во групата. Игра мноу цврст ракомет, со добра одбрана и одлична транзиција, и дисцилина во нападот. Добра тим кој доаѓа во Битола. Моите очекувања се со техничка дисциплина и тимски дух, сплотеност и заедништво ќе успееме да извојуваме позитивен резултат. Ги знаеме добрите и лошите страни на Висла. Се надевам на извонредна атмосфера во салата, па со помош на нашите навивачи да победиме, вели Алушовски
Пелистерци веќе одигра три средби во домашното првенство и имаа три победи, против Еурофарм Пелистер 2, Радовиш и Прилеп. Ова сега ќе биде сериозен тест за пелистерци.
„Мислам дека во периодот зад нас имавме мали кадровски проблеми. Пред се мислам на репрезентативците кои долго беа отсутни. По нивното враќање имавме мали проблеми со мали повреди н арепрезентативците. Павле Атанасијевиќ беше повреден, а Словенците доцнеа повеќе од другите. Имавме доволно време за подготовка, оваа екипа тренирала заедно шест месеци пред моето доаѓање. Не изменивме многу, туку само додадовме некои детали кои ќе бидат за Висла. Низ една позитивна и добра работна атмосфера сакаме да се покажеме во добро светло прво против Висла, а потоа и во домашното првенство. Сакам да ги повикам навивачите да дојдат да не бодрат, а нашиот тим ќе возврати со добра и пожртвувана игра, н аон ашто значи атмосфера и задоволни ќе си заминат од салата. изјави Алушовски.
Новото поглавје на Еурофарм Пелистер под водство на Алушовски официјално почнува в четврток, во салата „Боро Чурлевски“, со почеток во 20,45 часот.
























