Шпанскиот стратег Давид Дејвис во новата сезона ќе биде предводник на египетскиот Ал Ахли.
Дејвис се споменуваше како кандидат за клупата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, но одново ќе работи во земјата на „фараоните“.
48-годишниот стратег работеше во два наврати во машкиот тим на Вардар, а беше дел и од стручниот штаб на женскиот тим на „црвено-црните“.
Дејвис покрај македонските предизвици, седеше на клупата на Веспрем, а заедно со Едуард Кокшаров беше дел и од тренерите во руската репрезентација.
Минатата сезона го водеше романскиот првак Динамо Букурешт, со кој имаше договор на уште една сезона, но двете страни се разделија порано.