После повеќе од една година без ракомет, голманката Клеопатра Дарле, на почетокот на овој месец се врати на теренот.
Голманката на Брест Бретањ имаше потрес на мозокот минатиот февруари, а рехабилитацијата траеше подолго од очекувањата и нејзиниот камбек се случи дури овој месец.
Откако го пропушти СП 2023, Дарле ќе остане во комбинација за настап на домашните Олимписки игри летово и на ЕП 2024 година.
Искусната Дарле ќе биде од голема помош за Брест во решавачките средби сезонава во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат.