Селекторот на олимпискиот првак Франција, Оливие Крумболц, го објави скратениот список на ракометарки пред стартот на Олимписките игри.
Во основниот ростер од 14 ракометарки, има дури шест ракометарки на францускиот првак Мец.
Во резервите Крумболц ги смести искусните Клеопатра Дарле и Грас Заади, како и Оријан Ондоно.
Но и покрај тоа францускиот селектор ќе смета на квалитетен состав со Глосе, Нзе Минко, Фопа, Флип, Тубланк…
Во групната фаза селекцијата на Франција ќе се сооочи со Холандија, Унгарија, Бразил, Шпанија и Ангола.