Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски од следната сезона ќе настапува во грчкиот шампионат и ќе го носи дресот на освојувачот на трофејот на Купот, ПАОК Солун, дознава 24Ракомет.
По настапите минатата сезона во составот на Енебон Лорис во Третата лига на Франција, Георгиевски реши да се врати поблиску до дома, а голманот Виктор Гигов ќе добие македонско друштво.
Георгиевски во сезоната 2021/22 беше член на босанската Слобода Тулза, а претходно со успех го носеше дресот на Анже.
Левиот бек, кој настапуваше за репрезентацијата на СП 2021, во Македонија настапуваше за екипите на Охрид, Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер.
Во Франција две години мина во Монтелимар и една сезона во Белфор, а беше дел од Ред Бојс Диферданж од Луксембург.