Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски потпиша нов договор со шпанскиот Аликанте.
Со новата соработка Македонецот се обврза да остане во овој амбициозен клуб најмалку до 2028 година.
Димитриевски е како дома во Шпанија, бидејќи пред Аликанте ги носеше дресовите на Ваљадолид, Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер, каде остана најдолго.
Аликанте е дел од втората по ранг лига во Шпанија, но се наоѓа на лидерската позиција и со големи шанси да избори место во Асобал лигата.