Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и неговиот тим Орнео Аликанте од следната сезона ќе играат во Асобал лигата.
Аликанте славеше во решавачкиот натпревар на гостински терен кај тимот на Бургос со 35-32 и го освои првото место во второлигашката конкуренција.
Тимот предводен од искусниот Димитриевски, кој ја продолжи соработката и за наредната сезона, заврши како лидер на табелата со 49 бодови.
Зад себе ги остави Сиудад Реал, Бургос, како и двата поранешни тима на Димитриевски – Синфин Сантандер и Сагунто, кои ќе се борат низ плеј-оф за второто место во елитната конкуренција.