Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе се соочи со Фуксе Берлин во натпревар од 13. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Бундеслигашот беше подобар на првото меѓусебно соочување сезонава, триумфираше во Битола со осум гола разлика, 30:22.
Пелистерци сега се наоѓаат во одлична форма, тоа го покажаа на натпреварите против Динамо Букурешт и тимот на Кире Лазаров.
Кружниот напаѓач на Фуксе Берлин, Макс Дарј, ги истакна очекувањата за натпреварот со македонскиот шампион.
„Со нетрпение го очекуваме нашиот последен домашен натпревар од групната фаза од ЛШ. Се надевам дека ќе дојдат многу навивачи и дека ние ќе ги освоиме двата бода. Како што знаеме, овие бодови би биле многу важни за нас, имаме некои шанси за пласман во четвртфиналето и тоа секако би било добро за нас”.
Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин, со почеток во 20:45 часот.
Што велат математиките – на Еурофарм Пелистер му треба чудо за осминафинале во ЛШ