Дарио Петровски има нов клуб во Германија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, кој може да покрие сите бековски позиции, и понатаму ќе игра во Германија, но има нов клуб.

Битолчанецот од следната сезона ќе настапува за Ландшут, клуб од пониските германски лиги.

Тој доаѓа по настапите за Цвикау, каде што во текот на минатата сезона играше заедно со Реваз Чантурија и беше меѓу најдобрите стрелци.

Петровски во февруари минатата сезона се приклучи на Цвикау, а на интернационално ниво играше во шпанската Гвадалахара и во италијанскиот Фасано. Исто така, играше и за Коњух од БиХ.

Во домашното првенство, Петровски настапуваше за Еурофарм Пелистер (прв и втор тим), како и за Струга.