Данскиот дрим-тим купи екс пелистерец!

Данскиот дрим-тим ХОЈ Елит, кој во своите редови ги има Хампус Ване, Ханс Линдберг, Mихаел Дамгард…ангажира и екс ракометар на Еурофарм Пелистер.

Станува збор за данскиот кружен напаѓач Андреас Нилсен, кој минатата сезона ја мина во ГОГ Гудме.

Нилсен потекнува од Фредериксберг, долго време играше за Нордсјеланд и Морс, пред да дојде во Еурофарм Пелистер, каде остана само една полусезона, па замина во шведскиот Онередс.

На лето доаѓаат и голманот од ПСЖ, Јаник Грин, како и левиот бек од Фуксе Берлин, Ласе Андерсон, па ХОЈ сигурно ќе има што да каже на домашна, а и на меѓународна сцена ако обезбеди пласман.