Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Првиот натпревар меѓу Олимпијакос и Охрид што ќе се игра во Атина ќе го судат данските арбитри Никлас Нигард и Јонас Примдал, додека делегат ќе биде Јонут Барбу од Романија.
Реваншот меѓу македонската и грчката екипа ќе се игра во Охрид, а арбитражата им е доверена на Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка, а делегат ќе биде Тихомир Касуниќ од Хрватска.
Првиот меч меѓу Охрид и Олимпијакос се игра на 29 март од 16:00 часот, а реваншот е на 4 април од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
























