Селекторот на Данска, домаќинот и ривал на Македонија на ЕП, Николај Јакобсен, најверојатно нема да смета на левиот бек Томас Арнолдсен за континенталниот собир.
Ѕвездата на Алборг се повреди на мечот со Келце од Лигата на шампионите, се работи за скршеница на коска под коленото, а тоа значи пауза најмалку од три месеци.
Покрај Арнолдсен, со повреди пред настапот на ЕП се соочуваат и Расмус Лауге, Ласе Мелер, Арон Менсинг и Јакоб Холм, но главоболките на Јакобсен, кој може да смета на таа позиција на Ласе Ардерсон и Симон Питлик, сигурно не се големи.
Данска ќе игра против Македонија, Романија и Португалија во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
























