Од оваа сезона, во данскиот ракомет важи ново правило кое се применува на сите нивоа – играчите не смеат да имаат предолги нокти. Целта е да се намали ризикот од повреди, гребнатини и удари во очи за време на натпреварите.
Од Ракометната федерација на Данска појаснија како ќе се спроведува ова правило во новата сезона.
„Ако судијата го забележи тоа за време на натпревар, може да му каже на играчот – не можеш да играш така, мораш да го напуштиш теренот и да ги среди работите“, изјавија од федерацијата.
Ова е само дообјаснување на постоечко правило дека не смее да се носи опрема што може да им наштети на другите.
Ноктите нема да се мерат пред натпреварите, но играчите се очекува сами да внимаваат.