Данска се пласира во главната рунда на Европското првенство, но натпреварот со Романија нема по добро да го памети кружниот напаѓач Лукас Јоргенсен.
Иако Данска го доби мечот, радоста беше засенета од повредата на Јоргенсен, кој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека долга пауза.
Засега, Данска нема да биде повикана замена за Јоргенсен во репрезентацијата.
„Нема да повикуваме нов играч. Барем не во овој момент. Ќе ги решаваме работите внатре во тимот“, изјави селекторот Николај Јакобсен.
Данска ќе игра против Португалија со Магнус Саугструп, Симон Халд и Емил Берголт.

























