Домаќинот на Европското првенство, Данска, со моќен втор дел ја совлада Германија сo 31-26 и се промовира во полуфиналист на континенталниот собир. Сега Данска се израмни со Германија со по шест бода, Франција е трета со четири бода, но Данците имаат подобар меѓусебен дуел од двете селекции, па сигурно ќе бидat меѓу најдобрите четири на ЕП, а ги остави Германија и Франција да решаваат меѓусебе за вториот полуфинален патник.
Германскиот селектор Алфред Гисласон целиот меч праткично го играше без Андреас Волф, но Давид Шпат коректно ја вршеше работата, особено во првото полувреме, кога домашните во Хернинг не можеа да ја наметнат својата игра.
На паузата Данска имаше само минимални 13-12, Германците израмнија на стартот на второто полувреме, но тоа беше се од нив. Ушчинс и Гргиќ почнаа да промашуваат, Нилсен одново беше на своето препознатливо ниво со 15 одбрани, и стана јасно дека „панцирите“ немаат веќе шанси.
Најпрво Данска се одлепи на плус три, 17-14, потоа 23-16, Гисласон сфати дека работата е веќе готова, па им даде шанса на оние со помала минутажа да поиграат против светскиот и олимписки првак.
Најдобри кај Данска беа Гидсел и Питлик со по осум погодоци, додека Ушчинс имаше шест гола за Германија, но со многу слаба реализација.

























