Данскиот Алборг во продолжение на сезоната ќе биде без услугите на десниот бек Макс Хоксер, кој ќе паузира најмалку пет месеци.
Повредата на рамото на Хоксер мора да биде санирана со операција, па данскиот репрезентативец ќе го пропушти и СП 2025.
Тоа значи дека и селекторот Николај Јакобсен за домашниот Мундијал ќе мора да бара другa солуција како замена за Матијас Гидсел на десната бековска позиција.
Хоксер досега настапи на 115 натпревари и постигна 517 погодоци за Алборг, кој во последното коло од Лигата на шампионите направи изненадување и славеше на гости кај Келце.