По поразот од Португалија за домаќинот на ЕП, Данска, немаше друга опција освен победа над Франција за да остане во игра за полуфиналето, а тоа беше реализирано во полната „Јуске Банк Боксен“.
Светскиот и олимписки првак го победи европскиот со 32-29 и сега се е отворено во групата 1. Германија е прва со 4 бодови, а Данска, Франција, Португалија и Норвешка имаат по 2, додека Шпанија е единствена без бодови.
Се играше израмнето како што беше и очекувано во првиот дел, а на стартот блескаше Иго Деска кој погодуваше од пенал и ги постигна четирите од петте гола за Франција до 5-5. За разлика од Деска, Пранди немаше своја вечер и не можеше да го погоди голот на Нилсен.
По 8-8, Данска беше скоро седум минути без гол, Болзанже врза две одбрани, па Франција преку Наи и Брие отиде на плус два, 10-8. Беше и 12-10, но Питлик ја намали негативата, а потоа немаше голови и на двете страни, па на паузата се замина со 12-11.
Во првите десетина минути се играше гол за гол на двете страни, но се разбрани Нилсен и Данска полека почна да ја презема контролата на теренот. Но тоа кратко траеше, по тајм-аутот на Жил, Французите не само што се врати во егал, туку со серија од три гола, негативата ја претворија во плус два, 23-21.
Реагираше Јакобсен со тајм-аут и беше лут на своите избраници, играта се забрза, се погодуваше на двете страни, и тоа што го направи Франција претходно, сега го направи Данска преку Јакобсен и Андерсон на пет минути до крајот ја врати предноста на своја страна, 27-26.
Немаа Французите решение за Гидсел во завршницата, Данците отидоа на плус два, 29-27, Нилсен одново одбрани удар на Брие и во последната минута се влезе со таа преност за домаќинот. Мин направи грешка, следуваше уште една казна и Киркелоке стави точка на мечот со голот за 32-29.
Нилсен на данскиот гол имаше 11 одбрани, а Болзанже и Дебоне комбинираа осум. Кај стрелците, Гидсел имаше девет, а Питлик осум гола за Данска, додека Мин стрелаше седум пати за Франција.

























