Изминатиот викенд низ Европа и низ светот беа одиграни многу пријателски натпревари како дел од подготовките за настап на репрезентациите на своите континентални шампионати во јануари 2026.
Македонија одигра двомеч со Јапонија, имаше победа со 29-27 и пораз со 32-31, додека ривалите на нашата селекција на ЕП, Данска и Романија, настапија на „Златната лига“ и на „Трофеј Карпати“.
Данците убедливо ги победија Фарски Острови со 15 гола разлика, Норвешка со пет гола и Холандија со 16 погодоци, иако не беа во комплетен ростер, па нема сомнеж дека секој пораз под десет разлика од Данците дури и за посериозните репрезентации ќе биде успех. Симон Питлик беше најдобар со девет гола против Норвешка, а Емил Нилсен и Матијас Гидсел беа најзаслужните за убедливиот триумф против Фараните.
Романија запиша две победи – против Украина и Словачка, а загуби од Грузија на „Трофеј Карпати“, но тоа не беше доволно за првото место, бидејќи Грузијците го прославија трофејот. Новата романска ѕвезда Даниел Станчук беше најдобар стрелец со 14 гола на трите средби за Романија, а 11 гола постигна Калин Деду. Голманот Јанку имаше две одлични партии, па Лазаров веќе има насоки каде треба да се обрне најголемо внимание на ЕП во јануари.
Црна Гора двапати тестираше со Белгија – победи еднаш и ремизира еднаш, додека Германија и Исланд си поделија по една победа на двомечот, како што беше случајот со Хрватска и Швајцарија, односно Португалија и Египет. Вардарецот Пинто даде само еден погодок за Португалија на двомечот, исто толку постигна и пелистерецот Валид за Египет.

Србија и Словенија одиграа интересен меч во Лозница, кој го добија момците на Урош Зорман и на кој доминираа играчите од македонското првенство за пораз на дебито на Раул Гонзалез. Десниот бек од Вардар, Урош Митровиќ даде шест гола, пет пати погоди пелистерецот Домен Тајник за Словенија, а два гола даде Нејц Цехте.
Тунис играше на домашен терен турнир со Гвинеја, Кувајт и Иран, со три победи го освои трофејот, а исто беше и на турнирот во Белорусија, каде домаќинот во конкуренција на Белорусија Б, Русија и Ирак беше најдобар со три победи.
Босна и Херцеговина и Саудиска Арабија си поделија по една победа на двомечот во Илиџа, на кој не играше пелистерецот Алем Хаџиќ. Грците два пати славеа против Канада на домашен терен со висока разлика, а Унгарија со триумф им го расипа 100 роденден на Австријците и нивната федерација.

Финска ја победи Естонија со минимален резултат, а ист беше случајот со Чешка на дуелот против Полска, на кој настапија тројца играчи од Супер лигата од Македонија. Анжеј Видомски од Еурофарм Пелистер имаше три гола, додека вардарците Виктор Јанковски и Марек Марчињак дадоа два, односно еден гол.
Шпанија и Шведска имаа по еден триумф во двомечот во скандинавската земја, на кој продефилираа многу нови лица во двете селекции, а Французите со комбиниран состав немаа проблеми против Италија.
Турнирот во Ангола со Ангола Б, Зеленортски Острови и Мароко, го освоија домаќините, додека на турнирот во Буенос Аирес „Четири нации“ со Аргентина, Бразил, Мексико и Чиле, во финалето играа големите ривали. Бразил предводен од пелистерецот Рудолф Хекбарт со пет гола славеше со 31-23 против Аргентина на вардарецот Николас Боно, кој даде три погодоци.
Бугарија како дел од подготовките за претквалификациите за ЕП 2028 во јануари, одигра две пријателски средби со српските клубови Врање и Дубочица Лесковац, и имаше една победа и еден пораз.
Пријателски натпревари, резултати:
Македонија – Јапонија 29-27
Црна Гора – Белгија 34-30
Германија – Исланд 42-31
Швајцарија – Хрватска 26-29
Србија – Словенија 34-35
Tунис – Гвинеја 32-27
Гвинеја – Кувајт 28-31
Тунис – Иран 30-26
Кувајт – Иран 20-21
Гвинеја – Иран 19-27
Тунис – Кувајт 33-21
Босна и Херцеговина – Саудиска Арабија 33-26
Норвешка – Данска 33-38
Холандија – Фарски Острови 30-29
Грција – Канада 43-20
Црна Гора – Белгија 27-27
Чиле – Мексико 36-21
Аргентина – Бразил 29-30
Ангола А – Ангола Б 17-12
Зеленортски Острови – Мароко 31-25
Ангола Б – Зеленортски Острови 19-31
Ангола А – Мароко 30-17
Мароко – Ангола Б 30-28
Зеленортски Острови – Ангола А 18-21
Грција – Канада 46-24
Словачка – Грузија 28-31
Романија – Украина 33-30
Русија – Ирак 37-20
Белорусија А – Белорусија Б 30-19
Русија – Белорусија Б 28-27
Белорусија А – Ирак 34-25
Белорусија Б – Ирак 31-27
Белорусија – Русија 34-28
Украина – Словачка 31-32
Бразил – Мексико 46-20
Аргентина – Чиле 26-24
Романија – Грузија 27-30
Грузија – Украина 28-32
Романија – Словачка 33-25
Македонија – Јапонија 31-32
Португалија – Египет 28-32
Шведска – Шпанија 30-34
Португалија – Египет 30-27
Шведска – Шпанија 34-31
Швајцарија – Хрватска 30-28
Aргентина – Мексико 39-18
Бразил – Чиле 38-28
Полска – Чешка 29-30
Данска – Холандија 40-24
Норвешка – Фарски Острови 34-26
Австрија – Унгарија 27-31
Франција – Италија 38-28
Данска – Фарски Острови 39-24
Норвешка – Холандија 33-37
Босна и Херцеговина – Саудиска Арабија 25-28
Германија – Исланд 29-31
Бразил – Аргентина 31-23
Чиле – Мексико 31-18
Естонија – Финска 28-29
Врање – Бугарија 35-37
Дубочица Лесковац – Бугарија 31-29


























