Дански ГОГ покажа дека сезонава подобро му оди на гости бидејќи по вторпат победува, овојпат во Загреб 36-31 (19-11). Неприкосновениот хрватски првак Загреб е во сериозна криза бидејќи останува на дното на табелата во Б групата во лигата на шампионите без освоен бод по пет одиграни натпревари.
Во Б групата од лигата на шампионите игра и Еурофарм Пелистер кој по пет одиграни натпревари има една победа.
Дека гостите ќе заминат со бодовите дома имаше најва уште по 14 минути играње кога ГОГ водеше со 8-2. Време за палење на „црвената сијаличка“ во Загреб, но само привремено зашто три минути подоцна предноста на гостите се искачи на 11-4, а потоа на 14-6 и 15-7. Веќе беше јасно дека на тимот на Андија Николиќ ќе му биде и повеќе од тешко да се врати во игра и да се бори за бодови. Веројатно после овој пораз на тренерот Николиќ сериозно му се тресе столчето во клубот, бидејќи се губи чекор за освојување на најмалку 6 место во групата за продолжување во следната фаза.
Од 27 минута домаќините мораа да играат без Адин Фаиќ до крај на средбата бидејќи доби директен црвен картон поради груб фаул врз противнички играч.
Највиоската предност дотогаш, од гола уште двапати беше достигната до крај на првото полувреме. А кога ГОГ има предност не дозволува лесно да се „топи“. Само што почна вториот дел гостите зголемија на 26-19. Загреб успеја
До крајот ГОГ рутински ја задржа предност за нов триумф и два бода со кои се израмни со ПСЖ и Сегед на делба на четвртата позиција на табелата со 4 бода, два помалку од третопласираната Висла.
Во следното коло ГОГ гостува кај ПСЖ, а Загреб е домаќин на ПИК Сегед.