Данска и со „втор“ состав победува двоцифрено, Шпанија и Франција ремизираа

Европскиот, светски и олимписки првак Данска, запиша три победи на последниот турнир од „Златната лига“.

Данците и со комбиниран состав успеаја да запишат три убедливи победи над Норвешка, САД, а последната над Холандија со 11 голови разлика. Норлик даде осум гола, а по пет имаа Бјере и Винд за данската селекција.

Александер Блонц даде 13 голови за Норвешка во триумфот над САД, додека Германија минимално го победи Египет.

Шпанија и Франција ремизираа на вториот меч, 25-25. Баруфет и Тарафета комбинираа десет гола за „фуријата“, а исто толку за Франција постигна Ричардсон.

Пријателски натпревари, резултати:

САД – Норвешка 30-38
Шпанија – Франција 25-25
Германија – Египет 34-33
Данска – Холандија 38-27