Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, објави поширок список од 35 ракометари од кои ќе се бираат оние што ќе настапат на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.
Изненадување е што на овој список се најде и Никлас Ландин, кој се повлече од националниот тим, но селекторот Јакобсен објасни дека тој ќе „влета“ само ако има потреба по евентуални повреди на некој од другите голмани.
„Се обидов да составам што поширока листа, за да бидеме покриени на сите позиции ако се случи несакана ситуација или повреда. Имам навистина многу квалитетни ракометари на располагање,“ изјави Јакобсен.
На списокот се најде и повредениот ракометар на Алборг, Томас Арнолдсен, кој има фрактура на потколеницата и треба да отсуствува уште два месеци, па тешко дека ќе биде подготвен за ЕП.
„Ако рехабилитацијата оди добро, постои мала надеж тој да може да влезе во одреден момент за време на ЕП. Не планирам улога за него, но сметам дека вреди да ја задржиме можноста ако се опорави кон крајот на шампионатот“, објасни Јакобсен.
Но и без Ландин и Арнолдсен, составот на светскиот првак делува застрашувачки со Нилсен, Мелер, Јакобсен, Јоргенсен, Саугструп, Андерсон, Питлик, Гидсел…
Дури 14 интернационалци играат во Данска, а по еден во Романија, Франција и Шпанија, додека останатите ракометари настапуваат во домашниот шампионат.
Данците првиот меч на ЕП 2026 го играат против Македонија на 16 јануари во „Јуске Банк Боксен“ од 20:30 часот во Хернинг. Во групата се уште Романија и Португалија.
ГОЛМАНИ:
Емил Нилсен – Барселона (Шпанија)
Кевин Мелер – Фленсбург (Германија)
Микел Локвист- ПСЖ (Франција)
Бертрам Облинг – Гумерсбах (Германија)
Никлас Ландин – Алборг
КРИЛА:
Емил Јакобсен – Фленсбург (Германија)
Магнус Ландин – Кил (Германија)
Јохан Хансен – Скандерборг Архус
Никлас Киркелоке – Фленсбург (Германија)
Мартин Бисгард – Фредериција
Фредерик Бјере – ГОГ Гудме
Бустер Јул – Алборг
Фредерик Бо Андерсен – Хамбург (Германија)
Тобијас Нилсен – ХОЈ
Оскар Винд – ГОГ Гудме
ПИВОТИ:
Магнус Саугструп – Магдебург (Германија)
Лукас Јоргенсен – Фленсбург
Симон Халд – Алборг
Емил Берголт – Скјерн
Фредерик Ладефогед – Динамо Букурешт (Романија)
Андреас Магард – Хамбург (Германија)
БЕКОВИ:
Матијас Гидсел – Фуксе Берлин (Германија)
Мадс Хоксер – Алборг
Симон Питлик – Фленсбург (Германија)
Расмус Лауге – Бјерингбро Силкеборг
Ласе Андерсон – Фуксе Берлин (Германија)
Томас Арнолдсен – Алборг
Ласе Мелер – Фленсбург (Германија)
Јакоб Ласен – Хамбург (Германија)
Хјалтe Лике – ГОГ Гудме
Мадс Менса Ларсен – Скјерн
Маринус Мунк – Алборг
Николај Јоргенсен – Хамбург (Германија)
Фредерик Тилстед – Сондерјиске
Мадс Свaне Кнудсен – Бјерингбро Силкеборг

























