Репрезентацијата на Данска ќе игра во полуфиналето на Светското првенство 2025, откако во четвртфиналниот натпревар против Бразил славеше сo 33:21. Бранителот на светското злато во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Германија.
Данска уште од самиот старт влезе во брз ритам и многу бргу стигна до солидна предност. Бразилците иако не одиграа според посакуваното во првите петнаесетина минути, сепак, во последниот дел од првото полувреме успеаја да ја подобрат одбраната и да дојдат до помала негатива.
Домаќинот имаше 10:3 кон средината на првото полувреме, но како што се доближуваше паузата, така Бразил се враќаше во игра. Јужноамериканската селекција ја подобри реализацијата, се разиграа дел од клучните играли, па така предноста на актуелниот светски првак беше преполовена.
Бразил успеа да намали на минус три, 15:12, имаше и напад за да се доближи на минус два, но искусниот голман на Данска, Емил Нилсен не дозволи да биде совладан. Избраниците на Јакобсен на пауза заминаа со минимална предност.
Вториот дел започна со голот на Гидсел, зголеми на 16:12, а во 34-минута погоди и за 17:12. Ракометарите на Бразил се обидуваа да најдат решение за брзите Данци, но никако не можеше да преполови, па така Данска во 40-та минута имаше плус седум, 23:16.
Ниту во последните дваесетина минути немаше поголема промена, веќе во 45-та минута Бразил крена раце и сѐ помори со ситуацијата, па така Данска само рутински го доврши натпреварот и успеа да ја зголеми предноста.