Данска арбитража за Македонија

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето и од разигрувањето за пласман на Мундијалот за младинци во Полска.

Арбитри од Данска ќе го судат натпреварот меѓу Македонија и Бразил од разигрувањето за пласман од 25 до 28 место на СП.

Станува збор за Јаоб Паг и Карл Тигесен, додека делегати ќе бидат Јоана Бремер и Марек Горалчук од Полска.

Натпреварот меѓу Макеоднија и Бразил се игра денеска во салата „Легионов“ во Келце со почеток во 16:15 часот.