Даниел Душебаев уште две сезони во Келце

Шпанскиот репрезентативец Даниел Душебаев го продолжи договорот со полскиот Келце за уште две сезони.

Неговиот актуелен договор истекуваше ова лето, но раководството на Келце реши да му понуди нова соработка, која тој ја прифати и ќе остане најмалку до 2026 година.

Душебаев се пресели во Келце во 2017 година, а првата сезона ја мина на позајмица во словенечкиот Целје, а доколку го одработи до крај новиот договор ќе комплетира осум сезони во полскиот тим.

Келце ова лето остана без Николас Турна, Андреас Вулф, Павел Пачковски, Симон Вјадерни, го прати на позајмица Фарук Јусуф во Лимож, а Бранко Вујовиќ отиде во Динамо Букурешт.

Има шпекулации дека и исландскиот среден бек Хаукар Трастарсон би можел во Романија, па на Талант Дшебаев сигурно ќе му требаат нови засилувања.

Досега потврдени се трансферите на Хорхе Македа и Тео Монар, а трансферот на Доминик Мате кој се повреди во меѓувреме веројатно нема да биде реализиран.