Универзалниот бек Даниел Андоновски во новата сезона ќе биде дел од амбициозниот прволигаш Младост Богданци.
Тој минатата сезона ја започна во српскиот тим Врање, а потоа настапуваше за Тиквеш од Кавадарци.
Во Младост Богданци тренер ќе биде неговиот татко Горан Андоновски, со кој соработуваа во тимот на Охрид.
Андоновски потекнува од Охрид, играше за Вардар Јуниор и Прилеп, а на меѓународна сцена со голем успех го носеше дресот на италијанскиот Трст.
Претходно Младост го донесе десниот бек Лазар Адамовиќ, а од клубот заминаа Благој Панов, Ѓорѓи Орешков, Уча Гамзардија, Борјан Цековски и Андреј Шулевски.