Велешанецот Даниел Ацев својата ракометна кариера ќе ја продолжи во Грција, каде што ќе го има првото интернационално искуство.
Ацев ќе го брани голот на грчкиот второлигаш Амфикитонес Ламиа, станува збор за клуб кој има високи амбиции за пласман во најквалитетното натпреварување во Грција.
23-годишниот голман со раководството на Амфикитонес Ламиа се договори на соработка до крајот на сезоната. Натпреварувањата во второлигашката конкуренција во Грција ќе започнат на 10 ноември.
Во својата кариера Ацев настапуваше за Охрид, Бутел, Голден Арт, Вардар Неготино, а своите почетоци ги имаше во Борец.