Даневски ги водеше кавадарчани до Куп групите

Кавадарчани лесно ја минаа првата Куп пречка, откако пред својата публика триумфира убедливо над Јехона со 43:15 (21:10).

Избраниците на Грчевски одиграа доминантно во двете полувремина, додека гостите од Гостивар беа рамноправни само во воведниот дел.

Предводник во победничката екипа беше Јован Даневски, кој постигна 14 погодоци, а девет имаше Мартин Димовски.

Листата на стрелци кај Јехона беше предводена од Адис Салиу и Бојан Давидоски, двајцата имаа по три реализации.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
29/3, 12:00, Куманово – Астраион
29/3, 13:00, Охрид – Шампион
29/3, 13:00, Радовиш – Скопје
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ