Скандинавската тројка Данска, Шведска и Норвешка беа домаќини на женскиот Мундијал во 2023 година
Финалната рунда се играше во Данска, а тамошната федерација откри дека имала профит од 4.000.000 дански круни или околу 540.000 евра, пишува ТВ2.
Во споредба со другите два организатори, Норвешка и Шведска, профитот на Данска и не е баш мал.
Според норвешкиот ВГ, норвешката федерација пријавила загуба од околу 600.000 дански круни или околу 81.000 евра, додека Швеѓани останале на нула.
Оваа скандинавска тројка во следните години до 2032 ќе биде домаќин на многу големи настани, и во машка и во женска конкуренција, па профитот нема да изостане.