Данците имаат џокер во ракавот пред главните битки на ЕП!

Данската репрезентација се подготвува за полуфиналето на ЕП, иако ги чека уште еден меч против Норвешка од главната рунда, кој ќе биде загревање за средбите за медали.

Во хотелот на националниот тим беше забележан и Томас Арнолдсен, играч кој беше повреден пред ЕП, но веќе се врати на терените и име кое веднаш ги разгоре шпекулациите низ тамошните медиуми.

Ракометарот на Алборг не е дел од данската репрезентација на ЕП, но Јакобсен има едно празно место бидејќи смета на 19 ракометари.

Иако тоа не мора да значи дека ќе биде пријавен во ростерот, јасно е дека може да биде голем џекор во бековската линија со Питлик и Гидсел. Данска покажа слабости, загуби од Португалија, но ги чекаат уште три тешки битки до крајот, а Арнолдсен сигурно би можел да внесе свежина во составот на Јакобсен.