Данците имаа 26 победи по ред, но Франција го најде лекот!

Франција успеа да го совлада светскиот шампион Данска со 33-32 во натпревар од третото коло во ЕХФ Евро Купот.

Иако Данците не играа комплетни, без Нилсен, Лауге, Питлик и Арнолдсен, сепак беа во игра за бод(ови) до крајот, а Франција победничкиот гол го постигна преку Дика Мем во претпоследната минута.

Данска преку Емил Јакобсен имаше шанса за реми, но не беше реализиран тој напад. Данците доживеаја пораз по повеќе од една година и 26 победи по ред.

Последен пат загубија исто така од Франција во финалето на ЕП 2024 со сличен резултат, 33-31.

Во ЕХФ Евро Купот играат европскиот првак Франција, како и трите организатори на ЕП 2026 – Данска, Шведска и Норвешка.