Дамјановска: Ќе биде напорно и тешко, но верувам во мојот тим

Актуелниот шампион Ѓорче Петров на гостувањето кај Вардар славеше со 36:20 во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Една од подобрите на теренот беше кружниот напаѓач Катерина Дамјановски, која ги сподели импресиите по убедливата победа над некогашниот шампион.

,,Денеска започна пролетниот дел од оваа сезона, прв натпревар ни беше со екипата на Вардар. Се подготвувавме многу во јануарскиот период за овој дел од сезоната, беше тежок натпревар, бидејќи е прв, а секогаш првите натпревари се тешки. Добро поминавме, го изработивме што го вежбавме во претходниот период. Целта за оваа сезона е одбрана на двојната круна. Ќе биде напорно и тешко, посебно со екипите на Куманово, Металург Автокоманда, па и со Вардар кога ќе се игра вториот натпревар, но верувам во мојата екипа и во девојките, и мислам дека ќе одиграме добра сезона”, ијави Дамјановска.

Ѓорче Петров во следното коло на свој терен ќе го пречека Куманово, кој денеска загуби од Металург Автокоманда.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)