Дамјаноска: Оваа победа ни е како „ветар во грб“

Иако играше без повеќе искусни и стандардни ракометарки, Македонија со триумф го почна настапот на „Трофеј Македонија“ победувајќи го Тунис со 34-27. Победа што секако ќе биде мотив за ракометарките за следните два натпревари против Египет и против Грција во сабота.

Подеднакво добро во ограна и напад, пивотменот Катерина Дамјаноска постигна 6 гола, од што четири во второто полувреме. Добро беа распоредени головите кај нашите ракометарки, бидејќи имавме два кои го завршија мечот со 6 гола, а три со четири постигнати голови, а вкупно 11 ракометарки се запишаа меѓу стрелците.

Драго ми е дека победивме. Тоа ни е ветер во грб, за поголема самодоверба. Подмладена екипа сме, без некои oд поискусните играчи. Игравме брза игра, со полуконтри и контри. Ги имавме намалено и техничките грешки. Да, се наметнуваме како фаворити. Но, нема притисок, ние сме домаќини. Убаво е да се игра на домашен терен. Ги гледавме денеска малку и Грција и Египет, имаме време да се подготвиме и би сакале да го освоиме трофејот, вели Катерина Дамјаноска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Во второто коло Македонија се среќава со Египет, повторно во вечерен тремин од 20,30 часот.