Женскиот клупски ракомет за следната натпреварувачка сезона во Европа доби едно место плус во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.
Поради фактот што немавме претставник во Лигата на шампионите во последните шест сезони, Македонија нема ранкинг во најелитната конкуренција.
Во Лигата на Европа, Македонија има напредок од три места – од 19 на 16 место, а тоа значи две место во ова натпреварување за наредната сезона.
Во ЕХФ Европскиот Куп, Македонија има едно место помалку и пад од едно место – од шесто на седмо, па таму ќе може да се пријават третиот и четвртиот од Супер женската лига.
Во ранкингот се земени во предвид резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

























