Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред двомечот со Белгија од квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот Кристијан Грчевски ги имаше на располагање 16 од 20 повикани ракометарки, додека Коларовска, Петковска, Арсениевска и Гакидова треба да се приклучат на вечерниот тренинг.
Според информациите од медицинскиот тим, има повреди кај дел од ракометарките, па дополнително ќе биде познати на кои од нив ќе може да смета Грчевски.
Првиот меч со Белгија се игра на 4 март од 20:10 часот, додека реваншот е на 7 март од 17:00 часот во Куманово.


























