Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација ги потврди официјалните лица за натпреварите од 1 коло во Супер лигата.
Веќе се одигра првиот натпревар, во кој актуелниот првак Еурофарм Пелистер славеше кај Бутел Скопје, а од денеска до идната среда ќе се играат уште пет.
Дербито ќе биде во Автокоманда, в среда, каде што тимот на Кирил Лазаров ќе го пречека амбициозниот Охрид, а задачата за арбитража им е доверена на Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Во Прилеп ќе судат Начевски и Николов, додека на пресметката меѓу Струга и Вардар, правдата ќе ја дели комбинирана судиска двојка.
Во Куманово доаѓа Радовиш, а таму ќе судат Митревски и Тодоровски, додека браќата Илиевски ќе бидат „главни“ на интересниот двобој меѓу Пролет и Тиквеш.
Супер лига, 1 коло:
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 20-29
05/09, 18:00, Струга – Вардар (Спаско Ќаев/Виктор Андонов)
06/09, 18:30, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 (Славе Николов/Ѓорѓи Начевски)
06/09, 19:00, Куманово – Радовиш (Димитар Митревски/Благојче Тодоровски)
06/09, 19:00, Пролет – Тиквеш (Методија Илиевски/Михајло Илиевски)
10/09, 18:30, Алкалоид – Охрид (Силвана Карбеска/Марија Илиева)