Тимот на Овче Поле си замина победнички од гостувањето кај Кичево во Охрид, откако славеше со 29-23.
Кичевци поведоа со 2-0 на стартот, но ракометарите од Свети Николе со серија од пет голови направија пресврт за 5-2 и оттогаш до крајот не ја испуштија предноста.
На паузата беше 15-9, а во вториот дел гостите имаа и осум гола предност, па немаше дилеми околу победникот.
Иван Дамчевски беше предводникот на Овче Поле со девет гола, а шест даде Стаменков, додека битолчаните Вардовски и Христовски комбинираа 17 гола за Кичево.

























