Ракометарките на Стружанка запишаа победа на гостувањето кај Гевгелија во натпреварот од 6 коло од Женската лига со убедливи 39-24.
Гостинките уште од стартот си го фатија редот и поведоа со 4-0, а како одминуваше времето така ја зголемуваа предноста, која до паузата беше седум гола, 20-13.
Вториот дел мина во комплетна доминација на избраничките на Владимир Паноски, кои до крајот само рутински ја задржаа и зголемија предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мендувие Далипоска со десет и Ивана Затуроска со девет погодоци.
Во составот на Гевгелија, каде црвен картон по три исклучувања доби Ступар во финишот на мечот, се истакнаа Димова и Динева со по седум гола.