Дали знаете колку МАСТЕР-тренери има Македонија?

На седница на Управниот одбор на РФМ беше објавено дека во Македонија во моментов има вкупно 44 ракометни тренери со Мастер лиценца – диплома.

Информацијата ја потврди Гино Стрезовски, претседател на Здружението на ракометни тренери на Македонија, во рамки на извештајот за работата на ЗРТМ.

„Интересот за нашите едукации расте. Сè повеќе тренери од земјите од поранешна Југославија сакаат да дојдат на нашите семинари и да разменат искуства,“ истакна Стрезовски.

Тој додаде дека неодамна стигнало и барање од Унгарија за учество на околу десетина тренери, но дека засега реализацијата е тешка поради јазичната бариера.

Бројката од 44 Мастер-тренери е силен сигнал дека тренерската струка во македонскиот ракомет се развива и професионализира. Во моментов има над 250 тренери во Македонија, иако не се сите активни.

Меѓу оние со Мастер Коуч лиценца се Бранко Ангеловски, Никола Матлиески, Даниела Новеска, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Владимир Глигоров, Билјана Црвенкоска, Зоран Петковски, Кирил Лазаров, Симе Симовски…и уште многу други.