Тимовите на Галаци и Униреа Слобозиа, каде што играат македонските интернационалки Сања Дабевска и Марија Тасевска, запишаа победи во 9 коло од Втората лига на Романија.
Галаци славеше на гостински терен кај Нептун Констанца со 37-29, а македонскиот кружен напаѓач Дабевска имаше три гола од пет обиди.
Униреа Слобозиа победи на гостински терен кај Стинта Бакау со 45-18, а левото крило Тасевска постигна три погодоци од пет обиди, додека средниот бек Ивана Арсениевска не беше во составот кај гостите.
Галаци е лидер на табелата, досега нема загубено ниту еден меч и 27 бода, додека Униреа Слобозиа се наоѓа на делба на второто место со 22 бода.