Дабевска го водеше Бор до меч за трофеј – обезбедено е финале во Купот на Србија!

Тимот на Бор, каде што игра македонската интернационалка Сања Дабевска, обезбеди место во финалето на Купот на Србија.

Бор славеше на гостински терен кај Младост Нова Пазова со 29-24, откако и на паузата водеше со 15-12.

Дабевска беше најдобар стрелец на победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа.

Ривал на Бор и Дабевска во мечот за трофеј во Купот што ќе се игра на 28 март ќе им биде Црвена Звезда, која го елиминира тимот на Рума.