Тимот на Драчево забележа нова победа во прволигашкиот плеј-оф, откако славеше против Шампион со 36-29 во десеттата рунда.
Сега Драчево има 17 бода на четвртата позиција на табелата и се враќа во битката за второто место и баражот.
Гостите одржуваа рамнотежа во првите десетина минути, пружаа отпор, но Драчево на пауза замина со водство од три гола, 16-13.
Второто полувреме помина во комплетна доминација на Драчево, а најдобри стрелци беа Филип Дабески со 12 и Димитар Петковски со осум.
Во составот на Шампион, кој во десет кола од прволигашкиот плеј-оф се уште нема победа, се истакна Стефан Огненовски со 12 погодоци.