Бразилскиот репрезентативец Жоао Педро Да Силва ќе го засили македонскиот вицепрвак Вардар во јануари, иако тоа беше првично договорено за јуни 2026 година.
Сепак Бразилецот ќе го засили „црвено-црниот“ тим пред пролетниот дел на сезоната и тој истакна дека е воодушевен од проектот и визијата на Вардар што му биле претставени.
„Во текот на подготовките одигравме пријателски натпревар против Вардар и имав многу добар настап. Понудата од Вардар ја добив во октомври и веднаш бев воодушевен од проектот и визијата што клубот ги има за наредните години. Очекувањата се дека следната сезона ќе се игра во Лигата на шампионите, што е дополнителна мотивација за мене. Првично беше договорено да се приклучам во јули 2026 година, но поради финансиските проблеми во Војводина, постигнавме заеднички договор трансферот да се реализира уште во јануари. Во моментов се опоравувам од повреда на тибијата, а Вардар ми даде доволно време за целосна рехабилитација. Прогнозите се добри и очекувам да се вратам на терените во февруари“, изјави Да Силва.
Вардарци ги очекуваат големи предизвици во пролетниот дел од сезоната на сите фронтови, а особено на меѓународна сцена, каде што ќе играат во главната рунда на Лигата на Европа.

























