Кружниот напаѓач Магнус Саугструп е нов капитен на машката репрезентација на Данска, соопшти ракометна куќа на скандинавската земја.
Искусниот Саугструп ја презеде капитенската лента од Никлас Ландин, кој пред извесен период ја заврши својата репрезентативка кариера.
Додека Ландин беше капитен, Саугструп ја имаше улогата на заменик капитен во данската репрезентација.
,,Пред се, горд сум што станав капитен. Генерално, мислам дека да се биде капитен на данската репрезентација е малку лудост. Искрено, се надевам дека ќе можам да продолжам да ги промовирам вредностите и културата кои постоеја во репрезентацијата“, изјави Магнус Саугструп.