Екипата на Куманово по елиминацијата во Европскиот Куп се врати на домашните обврски и денес ја запиша втората победа во домашниот шампионат.
Македонскиот вицепрвак во заостанатиот натпревар од второто коло го пречека Спартак од Скопје и без многу проблеми триумфираше со 37:25.
Избраничките на Славиша Димитријески на полувреме заминаа со предност од 19:12 и во вториот дел одиграа рутински.
Најефикасни во тимот на Куманово беа Сара Цветановска со 12 и Сузана Зечевиќ со осум погодоци.
Голманката на Куманово, Симона Грујовска, беше одлична меѓу стативите и дуелот со скопскиот тим го заврши со 16 интервенции.
Кај Спартак се истакна Ангела Гроздановска со седум погодоци, еден помалку постигна Зорица Андовска.