Ракометарките на Куманово победнички го започнаа вториот дел од сезоната во Женската лига, откако на свој терен славеа против Гевгелија со 32:16.
Избраниците на Славиша Димитриески немаа проблеми да дојдат до победата и бодовите ги запишаа уште во првото полувреме.
Домаќинките на пауза имаа предност од 17:6 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Најефикасни во победничката екипа беа Сара Цветановска со 12 и Јана Ѓошевска со осум погодоци.
Во поразениот табор се истакнаа Елена Димова и Билјана Кадиева, двете ракометарки имаа по пет реализации во мрежата на домашниот тим.