ЦСКА на Ристовска продолжува во победнички ритам

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, продолжува во победнички ритам во рускиот шампионат.

Московската екипа во рамки од петтото коло во најквалитетното натпреварување во Русија за ривал го имаше составот на Ставрополе и без многу проблеми стигна до убедлива победа од 38:28.

Иако тимот на Ристовска наиде на отпор во првиот дел, кој заврши со предност од 18:16 за ЦСКА Москва, сепак, во вторите 30 минути со одличната игра во одбраната стигна до победа од десет гола разлика.

Ристовска на теренот мина околу 25 минути и дуелот го заврши со 100% реализација, постигна два гола од два обиди.

ЦСКА Москва, Лада Тољати и Ростов Дон, моментално, имаат пет од пет во шампионатот на Русија и на табелата се трите водечки екипи со по десет бодови.